Целје немаше одговор за пеколниот напад на Барса и запиша втор пораз во ЛШ

Барса

Барселона се израмни со Алборг и Веспрем во групата Б и стартуваше со две победи во новата сезона од Лигата на шампионите.

Каталонскиот гигант немаше проблеми на домашниот предизвик наречен Целје Пивоварна Лашко (42-28). Ракометарите на Чави Пасквал ја наполнаа мрежата на словенечката екипа уште во првиот дел, а потоа рутински ја одржуваа предноста за нови бодови на салдото.

Барса наметна свое темпо уште на стартот и поведе со 10-4. Тоа им даде до знаење на противниците дека нема што да бараат на денешната средба во Шпанија. На полувреме се замина со 21-14 во корист на фаворитот, кој продолжението го искористи за да ротира и да имплементира различни состави на теренот.

На 20 минути до крајот предноста првпат стана двоцифрена. Шпанскиот првак притискаше до самиот крај и стигна до убедлива победа од 

Јанц постигна седум, Гомес беше непогрешлив со шест реализации, а Макуч успеа еднаш да се запише во листата на стрелци против поранешната екипа. Новак со седум погодоци беше прво име кај гостинскиот тим.