Целје не го откупи најталентираниот десек бек во светот

Еден од најталентираните десни бекови во светот, Диого Силва, си замина од редовите на словенечки Целје Пивоварна Лашко по една сезона мината во клубот.

Словенечкото првенство се прекина, Целје стана шампион на „зелена маса“, а 21-годишниот ракометар си замина за Португалија. Се работи за квалитетен десен бек кој знае да игра и во напад и во одбрана, а има и доста добар шут.

Диого Силва беше на едногодишна позајмица во Словенија со право на откуп, а старо-новиот шампион на земјата реши да не го откупи неговиот договор од Порто.

Диого Силва беше во идеалниот тим на Европското првенство за јуниори минатото лето.