• Саше Љолес
Екипата на Целје ја впиша втората победа на меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновск“ во Охрид, откако извојува убедлив триумф над Партизан со конечни 32-26.
Словенечкиот ќе се соочи со Вардар во последното коло и овие две екипи ќе го дадат патникот во финалето. Најдобар поединец беше Лука Периќ со пет голови, додека кај Партизан осум гола постигна Никола Црноглавац, кој воедно беше и најефикасен играч на натпреварот.
Целје и Вардар сега имаат по четири бода, додека Партизан и Охрид ќе го дадат одговорот кој ќе биде третопласиран во групата.
Екипата на Динамо Панчево го совлада тимот на Ловќен со конечен резултат 33-25. На полувремето српскиот тим имаше предност од три гола (16-13), а во второто полувреме само рутински ја доработи задачата.