Целје го позајми супер-талентираниот Португалец Диого Силва

Еден од најдобрите европски јуниори, 21-годишниот Португалец Диого Силва од денес е нов член на поранешниот европски првак, шампионот на Словенија, Целје Пивоварна Лашко.

Високиот Португалец доаѓа на позајмица од Порто со опција словенечкиот гигант да го откупи следното лето.

Диого Силва беше во идеалниот тим на Европското првенство за јуниори минатото лето.

Нов член на Целје од пред две недели е и Лука Жвижеј кој се врати во „Златорог Арена“ по своето искуство во Бундеслигата.