Тимот на Целје Пивоварна Лашко доби неочекувано големо засилување среде сезона. Откако остана без тренерот Бранко Тамше, тимот се врати на победничките патеки и го победи фаворизираниот Флензбург, а сега навивачите имаа уште една причина за задоволство.
Во „Златорог Арена“ се сели францускиот интернационалец Вилијам Акамбре, кој ниту оваа година не добива шанса во Веспрем. Унгарскиот тим смета на Борут Мачковшек и Момир Илиќ на левата бековска позиција, па за Акамбре нема место во ростерот.
Тој ќе биде пратен на позајмица до крајот на сезоната во словенечкиот шампион и ќе треба да го пополни местото на Даниел Душебаев, кој пак предвреме се врати во Киелце и ќе остане во полскиот шампион.