Цехте: Сигурен сум во добар натпревар против Фредериција

По одржувањето на ждрепката јасно беше дека Еурофарм Пелистер најголеми шанси за славје во новата сезона во Лигата на шампионите има во соочувањата со данскиот претставник, Фредериција. „Зелено-белите“ в четврток на гости во Данска ќе ја имаат првата шанса да го потврдат тоа.

Ракометарот која што најдобро ја знае играта на Фредериција, е Нејц Цехте. Некогашниот член на ГОГ Гудме истакна дека противникот е добро анализиран и дека е убеден во одличен натпревар на пелистерци.

„Сериозно се подготвуваме и со видео-припрема и на тренинг и во одбрана и во напад. Засега добро ги анализираме и убеден сум во добар натпревар. Фредериција создава екипа, растат од година во година, креираа нова екипа во споредба со тимот против кој јас играв за ГОГ Гудме. Некои ракометари се нови и можеби не играат брзо како останатите дански екипи. Во Данска се игра „еден на еден“ и ќе завршиме голема работа ако тоа го затвориме. Не играат во својата сала и тоа може да биде уште еден хендикеп за нив“, рече словенечкиот бек.

Натпреварот меѓу Фредериција и Еурофарм Пелистер се игра в четврток, со почеток од 20:45 часот.