• Мартин Танасковски
Екипата на АЕК Атина ги разочара навивачите затоа што на домашен терен загуби со четири гола од Алкалоид (25-29). По мечот, краток коментар даде Фредерик Бужан, кој кажа:
„Не игравме добро, промашивме пет пенали, промашивме зицери, ја загубивме нашата препозналива форма на терен, многу грешевме. Мора да научиме од грешките на овој дуел и да работиме многу за реваншот“, изјави Бужан.
Возвратниот дуел во Скопје помеѓу Алкалоид и атински АЕК ќе се одигра на 25 мај со почеток во 20:30 часот.