Бутел во вториот дел дојде до планиран резултат со Вардар Јуниор

Екипата на Бутел Скопје се врати на победнички пат во Суперлигата и на домашен терен, против младиот Вардар Јуниор, дојде до триумф (28-20) и скокна на второто место на табелата во македонскиот ракомет.

По ремито во Радовиш, бутелчани дојдоа до посакуван полн плен со одлично второ полувреме. Младиот Вардар кој има три победи во последните пет кола даваше голем отпор 30 минути, но лошото отворање на вториот дел пресуди околу прашањето за победникот.

Вардар Јуниор го изненади домаќинот и во воведните минути беше тимот што доминираше. Избраниците на Петрушевски дојдоа до позитива од 1-5, по што следеше тајм-аут за Бутел и домашните преку брзи контри, се вратија во мечот (5-6).

Се играше неизвесно и гол за гол се до паузата, кога на семафорот во Бутел стоеше 13-12 за домашните, а потоа, паузата како да годеше на фаворитот, па се отвори вториот дел со серија од 5-0, за предност од 18-12, која до финишот се покажа како недостижна за далеку понеискусниот противник.

  • Комплетниот натпревар меѓу Бутел и Вардар Јуниор: 

Марко Божиновски со 12 гола беше се истакна кај Бутел, а Крстовски и Дука со по четири гола беа најефикасни во тимот на Петрушевски.

Во следното коло Бутел Скопје ќе му биде домаќин на лидерот Металург, додека Вардар Јуниор се среќава со Струга.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 ПелистерПелистер 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4