Бутел стартува со подготовки за Суперлигата и квалификациите за ЕЛ

Ракометниот колектив на Бутел Скопје стартува со подготовките за новата сезона во Суперлигата на Македонија и на европската сцена.

Кристијан Грчевски го одржа првиот собир на ракометарите и означи старт на подготвителниот период. Бутелчани ќе се припремаат во Скопје и Пехчево, па ќе бидат дел од Струшкиот турнир, а пред стартот на Суперлигата се најавени пријателски средби. 

Во клубот летово пристигнаа Ивановски, Манасков, Крстевски, Табаков, Петрушевски, Тасески и Николов. Први професионални договори добија Михајловиќ, Каевски, Цветковски, Бошковски, Симјановски и Јовевски, додека договорите ги продолжија Јевтиќ, Стојчевиќ и Стојановски. 

Во новата сезона Бутел ќе игра во групата А со Вардар, Охрид, Струга, Прилеп, Куманово, Алкалоид и Вардар Неготино, како и во квалификациите за Европската лига на ЕХФ.