Бутел Скопје запиша нов суперлигашки триумф кај Вардар Јуниор

Екипата на Бутел Скопје ја оправда фаворитската улога и во рамки на ракометната Суперлига како гостин со 22-31 (14-17) беше подобар од Вардар Јуниор. Гостите цело време диктираа темпо на игра, па заслужено ги освоија бодовите кај младите вардарци.

Уште од стартот на натпреварот, Бутел Скопје направи разлика и најави дека само победа во СЦ „Јане Сандански“ му е во мислите. Поведе со 1-4, па со 5-7, а во 20. минута од мечот имаше 11-13. 

Вардар Јуниор имаше шанса да се врати во мечот и да намали на „минус еден“, но голманот на Бутел одлично го одбрани нападот, за на пауза да се задржи позитивата (14-17). Се играше неизвесно до 18-20, кога гостинот направи серија од 0-2 (18-22), а потоа, од 20-24, разликата дојде и до највисоки девет гола (20-29), затоа што Вардар Јуниор неколку минути не постигна гол.

За Бутел Скопје ова е петта радост во Суперлигата, додека Вардар го доживеа петтиот пораз.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 10 8 2 0 336:252 84 26
2 Охрид 2013Охрид 2013 10 8 1 1 277:226 51 25
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 8 0 2 278:239 39 24
4 Пролет 62Пролет 62 10 6 2 2 302:263 39 20
5 РадовишРадовиш 10 5 0 5 303:303 0 15
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 10 5 0 5 276:300 -24 15
7 ПелистерПелистер 10 2 2 6 245:264 -19 8
8 РаботничкиРаботнички 10 1 1 8 292:341 -49 4
9 Металург 2Металург 2 10 1 1 8 284:343 -59 4
10 СтругаСтруга 10 1 1 8 228:290 -62 4