• Мартин Танасковски

Ракометниот клуб Бутел Скопје обезбеди континуитет во својот состав, откако потпиша нови договори со младите македонски репрезентативци Давид Јаневски и Марко Каевски.
Средниот бек Јаневски и левото крило Каевски ја продолжија верноста кон клубот и ќе го носат дресот на Бутел Скопје најмалку до летото 2028 година.
Двајцата ракометари се актуелни младински репрезентативци на Македонија и важат за едни од најперспективните играчи во својата генерација.
Со продолжувањето на договорите, клубот уште еднаш ја потврди својата стратегија за развој и задржување на младите домашни таленти.
