Бутел Скопје си поигра со фенерџијата Борец

Екипата на Бутел Скопје прокнижи нови посакувани бодови во македонската ракометна Суперлига и на домашен терен со убедливи 48-16 (25-7) беше подобар од велешки Борец.

Домаќинот покажа сила пред својата публика и си поигра со противникот. Борец беше конкурентен само на стартот, кога на семафорот стоеше 2-2, а потоа се беше доминација на Бутел. 

Од 2-2, Бутел се одлепи на 7-2, за потоа Борец конечно да постигне гол (7-3). Но, потоа како се да тргна удолу, па домаќинот направи неверојатна серија од 12-0, за висока предност од 19-3. До полувремето, Бутел дојде до предност од 25-7, за до финишот разликата драстично да се зголеми.

Филип Николов со десет погодоци и Мики Георгиевски со седум се истакнаа во тимот на Котевски, а кај Борец најпрецизен беше Борис Илиевски со пет погодоци.

За Бутел Скопје ова е четврта победа во Суперлигата, додека Борец е закован на дното без ниедна победа по шест кола.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4