Бутел Скопје претстави уште две засилувања

Откако вчера го претстави Мице Шилегов, денеска екипата на Бутел Скопје се пофали со две нови имиња во својот ростер за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата.

Дресот на Бутел во иднина ќе го носат левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и кружниот напаѓач Матеј Марковски. Ѓурмешевиќ е младински репрезентативец на Македонија и доаѓа од редовите на Мулти Есенс, а Марковски досега ги бранеше боите на Аеродром.

Тројцата новајлии своето деби во новиот клуб би можеле да го имаат на натпреварот со Струга, кој се игра викендов. 

Бутел и оваа сезона цели кон пласман во плеј-офот во Суперлигата, но за да го оствари тоа не смее да киксне во последните четири кола од оваа фаза.