Бутел Скопје покажа силен втор дел против Црвена Звезда

Македонскиот суперлигаш Бутел Скопје го освои петтото место на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ кој се игра во Прилеп.

Бутелчани играа против Црвена Звезда од Србија и успеаја да слават со резултат 37-31. На полувремето македонскиот тим имаше минимална предност од еден гол, беше ефикасно и 18-17.

За третото место на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе играат ГРК Тиквеш и Пролет 62 од 17:00 часот, додека финалето меѓу Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 е од 19:00 часот.

Сите мечеви се играат во салата „Ристе Ристески - Ричко“. Доделувањето на наградите на учесниците ќе започне од 20:30 часот.