• Горан Упале

Ракометниот клуб Бутел Скопје го задржа левиот бек Теодор Тодески, кој потпиша нов договор со клубот до летото 2028 година.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ќе остане дел од составот и во следните две сезони, откако раководството одлучи да ја продолжи соработката со еден од своите важни ракометари.
Од Бутел Скопје истакнаа дека продолжувањето на договорот со Тодески е дел од стратегијата за задржување на клучните играчи и градење стабилен тим за претстојните предизвици.
Во новата сезона Бутел Скопје ќе биде предводен од македонската ракометна легенда Стојанче Стоилов. За поранешниот кружен напаѓач ова ќе биде прв предизвик во тренерската кариера.
