Бутел Скопје го разби Тиквеш, во следното коло ќе биде промовиран како суперлигаш

Тимот на Бутел Скопје го победи Тиквеш со 49-17, во рамките на 23. коло од Првата лига и на коло пред крајот има осум бодови предност пред второпласираниот Металург Јуниор. Избраниците на Игор Котевски доколку слават во Ресен следното коло, ќе бидат промовирани и официјално како нови суперлигаши.

Иако без капитенот Горан Печенковски, домашниот тим немаше проблеми да забележи нова победа. Бутел Скопје отвори со предност од 7-0 и се знаеше како ќе се развива мечот до крајот. На полувреме беше 27-12, а во вториот дел разликата се зголеми на конечни +32, 49-17.

Најдобри стрелци кај Бутел беа Григориј Браво со осум голови, Дејан Лазароски даде седум, додека по шест запишаа Томче Стојановски, Марко Трајковски и Стефан Колоски. Кај Тиквеш се истакна кадетскиот репрезентативец Васил Витанов со пет голови.

Резултати, 23 коло:

Бутел - Тиквеш 49-17
Струга - Вардар Неготино 39-31
Металург Јуниор - Спартак 32-23
Рудар - Младост 26-25
Риниа - Преспа 31-30
Делчево - Куманово 26-25
Текстилец - Партизан 38-28.