
Новиот суперлигаш Бутел Скопје полека го комплетира играчкиот ростер за првата сезона во елитното друштво. Раководството посакува да игра значајна улога во Суперлигата, а на добар пат се со досега потврдените засилувања да го направат тоа.
Нов играч во составот на тренерот Игор Котевски ќе биде 18-годишното лево крило од Металург 2, Марко Божиновски, кој потекнува од познатата школа во Автокоманда. Заедно со Мирко Мајиќ, ќе бидат дуо на левата крилна позиција.
Освен Мајиќ и Божиновски, претходно Бутел го засилија Бојан Спасовски, Јовица Младеновски, Златко Мојсоски, Милан Жегарац и Богдан Панченко, а се очекува новиот суперлигаш да се засили со уште едно или две нови имиња до стартот на подготовките.