Бутел против Прилеп ја впиша петтата победа во Суперлигата

Екипата на Бутел Скопје на домашен терен беше подобар од Прилеп (32-25) и ја забележа петтата победа во шесте досгашни одиграни кола во Суперлигата.

  • Комплетниот натпревар меѓу Бутел Скопје и Прилеп:

Избраниците на Кристијан Грчевски го скршија отпорот на ривалот во второто полувреме. Прилеп предводен од тренерот Реваз Чантурија го мачеше противникот нешто околу 40 минути, но потоа грешките пресудија затоа што донесоа лесни голови во мрежата на гостите.

Дека дуелот навистина беше рамноправен говори резултатот на паузата, кога Прилеп имаше еден гол предност (14-15). Во првото полувреме кај момците во жолта опрема одлични беа Шокоски и Ѓоргиевски.

Бутел Скопје потоа го сврте резултатот во своја корист, цело време водеше од еден до два разлика, а исчекорот кон победата го направи кога од 21-19 предводен од Мајиќ и Николов успеа да замине на 26-20. Одличен беше и голманот Блажевски, кој бранеше зицери.

Најдобар кај победникот беше Николов со девет гола, пред Мајиќ со осум реализации, додека кај Прилеп се истакна Ѓоргиевски со седум, пред Шокоски со шест гола.