• Горан Упале
Македонскиот суперлигаш Бутел Скопје како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе настапи на силен меѓународен турнир.
Бутелци ќе бидат дел од Меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево, што ќе се игра од 17 до 19 јануари во главниот град на Босна и Херцеговина.
Избраниците на Горан Кузманоски ќе настапат во групата А и ќе играат против домаќинот Босна Сараево, словенечкиот Марибор Браник и црногорскиот Рудар Пљевља. Во групата Б ќе играат турскиот Депсас, црногорскиот Ловќен, босанската екипа Вогошча и хрватскиот Дубровник.
По половина сезона Бутел е петти на табелата со осум победи и исто толку порази.