• Горан Упале

Во пролетниот дел од сезоната во Суперлигата екипата на Бутел Скопје ќе биде засилена со десното крило Мице Шилегов.
Станува збор за искусен ракометар кој доаѓа од екипата на Вардар Неготино, каде што играше во есенскиот дел од сезоната и беше најдобар стрелец.
Некогашниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија потекнува од Металург, настапуваше за двата тима на овој клуб, а потоа собираше искуство низ настапите за Охрид, Голден Арт и Пролет.
Бутел и оваа сезона цели кон пласман во плеј-офот во Суперлигата, но за да го оствари тоа не смее да киксне во последните четири кола од оваа фаза.











