Бутел ја совлада Струга и со стил влезе во плеј-офот

Својата најдобра сезона во историјата, младиот скопски суперлигаш Бутел Скопје ја круниса со победа во последниот натпревар од Суперлигата. Попладнево во Скопје падна Струга со 21-19 (13-12) и екипата на Игор Котевскои во голем стил го прослави пласманот во плеј-офот и дуелите со најсилните екипи во македонскиот ракомет.

  • Погледнете го целиот натпревар меѓу Бутел и Струга: 

Иако отворија со +3, домаќините не успеаја да се одлепат и Стојановски на струшкиот гол воспостави рамнотежа. Десетина пати резултатот беше израмнет, но во финишот Бутел го зададе завршниот удар. Гостите погрешија во клучните моменти при 18-19 и брзо и немилосрдно беа казнети. Блажески одбрани два чисти удари и Давидовиќ со два гола го реши прашањето на победникот (21-19). 

Григорјев со пет и Стојановски и Давидовиќ со по четири гола беа најефикасни кај Бутел, додека кај Струга одличен натпревар одиграа Тренчевски со пет и Николиќ и Цителишвили со по четири гола. 

Бутел во вторник ќе го дознае својот „возен ред“ за плеј-офот, а Струга ќе игра во плеј-аутот во првата сезона по враќањето во елитата. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0