Бутел ја преживеа драмата со Радовиш

Екипата на Бутел Скопје забележа нова суперлигашка победа и на домашен терен се намачи, но дојде до радост против засилениот Радовиш кого го совлада минимално (29-28).

  • Комплетниот натпревар на Бутел и Радовиш:

Радовишани дадоа голем отпор во Скопје, можеби неочекувано за домаќинот, но на крајот бодовите останаа во Бутел. Тимот на младиот Грчевски до полниот плен дојде во второто полувреме, во последните десет минути кога се кршеше резултатот.

Дуелот почна изедначено, беше 9-9, па 11-11, а до паузата, Радовиш имаше расположени бекови и дојде до високи плус три (15-18). Гостинот во понатамошниот дел од мечот водеше се до 18-20, кога Бутел имаше тајм-аут, а потоа дојде до 21-21, па со гол од крило по долго време поведе со 22-21. До победата се дојде кога од 27-26, се поведе со 28-26, два гола позитива кои беа доволни да се издржи пеколниот финиш.

Најдобар кај победникот беше Мојсоски со осум гола, а Мајиќ постигна шест гола, додека кај гостинот од Радовиш прво име беше Илиев кој пак имаше одличен натпревар и даде девет погодока.

За Бутел Скопје ова беше втор триумф во вториот меч, додека Радовиш има еден триумф и еден пораз.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 6 5 1 0 205:150 55 16
2 Пролет 62Пролет 62 6 4 2 0 177:163 14 14
3 Охрид 2013Охрид 2013 5 4 0 1 135:110 25 12
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 5 4 0 1 143:122 21 12
5 РадовишРадовиш 6 3 0 3 190:183 7 9
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 6 2 0 4 156:185 -29 6
7 ПелистерПелистер 5 1 2 2 117:123 -6 5
8 РаботничкиРаботнички 5 1 1 3 147:171 -24 4
9 СтругаСтруга 6 0 1 5 142:168 -26 1
10 Металург 2Металург 2 6 0 1 5 182:219 -37 1