• Иван Димовски

Ракометниот клуб Бутел Скопје промовира уште две млади и талентирани имиња за следната сезона. Станува збор за браќата Теодор и Димитар Узунчеви кои доаѓаат од редовите на Мулти Есенс и потпишаа договори на една сезона со можност за продолжување. Двете бековски засилувања на бутелчани повторно зборуваат за новиот пат на овој клуб и довербата кон младите ракометари.
Повозрасниот брат Тодор Узунчев кој има 19 години настапува на левата бековска позиција и по потписот на договорот кажа:
„Бутел е екипа што пружи шанса на млади ракометари. Ми претставува голема чест што ќе бидам дел од неа и ќе имам простор за напредување и зголемување на моето искуство“.
Од друга страна Димитар Узунчев е една година помлад и игра на спротивната страна, на десната бековска позиција. По потписот и Димитар не го криеже задоволството велејќи:
„Во екипа каква што е Бутел Скопје очекувам да созреам како играч и да го зголемам моето искуство. Знам дека овој клуб им дава шанса на млади играчи и ќе имaм простор за игра“.
Претходно Бутел се пофали со потписите на кружниот напаѓач Драган Шољиќ, левиот бек Теодор Тодески и десниот бек Мартин Петровски.