Бутел го задржа Зенговски, потпиша договор до 2028 година

Македонскиот суперлигаш Бутел Скопје продолжува со формирањето на тимот за следните сезони, откако ја продолжи соработката со Стефан Зенговски.

Десното крило стави потпис на нов двегодишен договор и ќе остане дел од скопскиот клуб најмалку до летото 2028 година.

Од Бутел изразија задоволство што ќе можат и во иднина да сметаат на услугите на Зенговски, кој ќе продолжи да биде дел од тимот и во наредните сезони.

Бутел во ланската сезона ја оствари зацртаната цел и одново играше во плеј-офот, а амбициите на клубот нема да се променат ниту во новиот шампионат.