Бутел го „врза“ Филип Николов со договор до 2026 година

Суперлигашот Бутел Скопје веќе ја планира иднината. Клубот кој веќе неколку сезони игра во разигрувањето за титула, а минатата сезона настапуваше и во Европа, го „врза“ најдобриот стрелец и за следните две сезони.

„Десниот бек Филип Николов потпиша нов договор со Бутел Скопје. Тој ќе продолжи да го носи дресот на нашиот клуб и во наредните две сезони. Еден од најдобрите стрелци во тимот на Горан Кузманоски ќе остане во Бутел Скопје најмалку до 2026 година“, се вели во соопштението на клубот.

Пред да дојде во Бутел Скопје, Николов го носеше дресот на Охрид.

По првите три кола во плеј-офот екипата на Горан Кузмановски има три порази.