Бутел го промовира Владимир Јевтиќ: „Македонската лига ќе биде најсилна на Балканот“!

Откако го промовираа Трифковиќ, Бутел се пофали со ново име во бековската линија. Нов член на скопскиот клуб е Владимир Јевтиќ, кој доаѓа од редовите Рашица и беше соиграч на Трифковиќ. 

Романскиот клуб има финансиски проблеми, а бутелчани одлично профитираа од ситуацијата. Самиот Јевтиќ изјави дека за македонскиот суперлигаш чул само добри зборови, но и за лигата. 

„Мојот клуб во Романија беше практично пред распад, а во меѓувреме добив понуда од Бутел Скопје. Овој клуб го следам од неодамна и ми се допаѓа како се развива, па решив да ја прифатам понудата, иако имав и други опции. Слушнав само убави зборови, а покрај тоа ми се допаднаа и амбициите на клубот, кои се исти со моите. Среќен сум што ќе имам можност да играм плеј-офоt во Македонија, кој според мене ќе биде најсилен во цела поранешна Југолсавија. Ветувам дека ќе дадам максимум и се надевам само на најубави работи“,вели Јевтиќ.

Србинот претходно настапуваше за Железничар и Металопластика, а во минатото играше и за Пролетер и Металац Ваљево. Србите го најавуваа како голем потенцијал, па останува да видиме дали ќе блесне во Бутел.