Бутел доведе уште двајца македонски таленти!

Бутел Скопје продолжува да го засилува ростерот со млади македонски ракометари, откако клубот ги промовираше Андреј Ѓорѓески и Тодор Аксентиев како нови засилувања за следната сезона.

Двајцата 19-годишни ракометари потпишаа двегодишни договори и се обврзаа на верност со скопскиот суперлигаш до летото 2028 година.

Ѓорѓески настапува на позицијата лев бек, додека Аксентиев игра на десната бековска позиција. Двајцата доаѓаат од редовите на Алкалоид, односно Мулти Есенс. Во Бутел Скопје веруваат дека двајцата млади ракометари ќе бидат важен дел од иднината на клубот и ќе добијат можност за понатамошен развој во суперлигашката конкуренција.

Досега клубот ги задржа Тодески, Јаневски, Каевски, Михајловиќ и Спасовски. Од друга страна, во тимот пристигнаа голманите Марко Богдановски и Градимир Чаневски.