• Иван Димовски
Младинската распределба на медалите кај ракометарите ќе се одржи во Скопје. Домаќинството на „фајнал-фор“ турнирот кај младинците РФМ му го додели на тимот на Бутел.
Освен домаќинот, во ова натпреварување играат уште две скопски екипи Алкалоид и Мулти Есенс, како и Еурофарм Пелистер. Натпреварите ќе се одиграат претстојниот викенд на 17 и 18 мај.
- Полуфинални парови во младинскиот шампионат:
Еурофарм Пелистер - Алкалоид
Бутел Скопје - Мулти Есенс
Двете полуфиналиња се на распоредот в сабота, додека борбата за трофејот ќе се одржи в недела во салата „Антони Димитров“ во скопската населба Бутел.
Веќе се одигра кадетскиот завршен турнир минатиот викенд и трофејот го освои Еурофарм Пелистер, а викендов се игра и пионерскиот турнир во Битола.