Буриќ од ППД Загреб се сели во Скјерн: Тој ќе биде големо засилување на нас

Сењамин Буриќ, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, својата кариера ќе ја продолжи во Данска, каде ќе ги брани боите на Скјерн.

По одличните настапи во дресот на ППД Загреб, еден од најдобрите босански ракометари застана на радарот на скандинавскиот клуб и сигурно ќе биде големо засилување за амбициите на тимот во иднина.

„Сењамин ќе биде големо засилување за нашиот клуб. Тоа е брат на Бењамин Буриќ, голманот на Флензбург и стандарден репрезентативец на Босна и Херцеговина“, велат од редовите на Скјерн.

Пред ППД Загреб, Буриќ го носеше дресот на француски Нант, каде имаше неколку брилијантни партии.