• Саше Љолес
Чави Пасквал повеќе не е селектор на романската репрезентација, јавија тамошните медиуми. Неговата авантура завршува после цели три години, но не успеа да оствари некој позначаен успех, освен пласманот на Европското првенство во 2024 година, каде не успеа да освои ниту еден бод во групата со Австрија, Шпанија и Хрватска.
Нов селектор на Романците ќе биде Георге Буричеа, кој е домашен стратег и воедно ќе продолжи да работи како тренер на Констанца. Чави Пасквал останува да работи во екипата на Динамо Букурешт, а ќе го задржи и советничкото место во романската федерација.
Поранешниот тренер на Барселона објасни дека се повлекува од селекторската позиција поради голем замор, а за тоа размислувал уште пред почетокот на неодамна завршениот континентален собир.