Бундеслигашка „магија“: Еве го најлудиот ракометен гол на годината! (ВИДЕО)

Натпреварот од 17. коло во ракометната Бундеслига помеѓу Гепинген и Флензбург донесе спектакуларна завршница, а во самиот финиш беше постигнат неверојатен гол кој веднаш може да конкурира за најдобар во годината!

Гепинген успеа да дојде до победа со конечни 32-31, но победоносниот гол е навистина прекрасен и е вистинска реткост во модерниот ракомет. Регуларното време веќе беше истечено и изгледаше дека Ерик Персон нема никакви шанси да постигне гол, а особено беше тешка и позицијата од која го упати ударот. 

Топката мина низ живиот ѕид и заврши во десниот долен агол на голманот Кевин Мелер, а домашната публика „експлодираше“ во фанатична прослава заедно со своите миленици. Одамна не се случило еден натпревар во сериозна конкуренција да биде завршен на ваков начин, а голот на Персон навистина може слободно да биде прогласен за најдобар за изминатата година. 

Гепинген на овој чудесен начин дојде до седмата сезонска победа и во моментов е на деветтата позиција во Бундеслигата, додека Флензбург е на третото место со 26 освоени бодови.