Бундеслигашите се избегнаа во полуфиналето на Ф4 во Келн

Европската ракометна асоцијација (ЕХФ) ги одреди полуфиналните парови кои ќе ги одмерат силите на завршниот турнир од Лигата на шампионите.

Домаќин повторно ќе биде „Ланксес Арена“ во Келн, а за престижниот трофеј ќе се борат вкупно четири екипи. Германскиот гигант Магдебург ќе се соочи со екипата на Алборг, додека второто полуфинале ќе го сочинат Кил и Барселона

Алборг ќе биде првиот дански клуб кој ќе има можност да ја освои Лигата на шампионите, додека останатите три клуба вкупно имаат седумнаесет трофеи (Барселона има единаесет, Кил има четири и уште два му припаѓаат на Магдебург). 

За Барселона ова ќе биде одлична можност за трета титула во само четири години, но од сите клубови се очекува огромна борба за учество во мечот за трофејот. Завршниот турнир во Келн ќе се одигра на осми и деветти јуни.