• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Марко Митев е едно од најпријатните изненадувања во нашиот национален табор. Младиот среден бек со својата храбра игра и креацијата во нападот се наметнува како прв разигрувач на репрезентацијата, а неговите одлични настапи не останаа незабележани и од европската ракометна елита.
Имено, членот на Алкалоид многу веројатно ќе ја промени средината по крајот на сезоната. За неговите услуги пости интерес од повеќе страни, а според специјализираната страница на Инстаграм за ракометни трансфери „RThandball“, Митев веќе договорил трансфер во Мелсунген, германски бундеслигаш кога од клупата е предводен од поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.
Од поодамна сериозен интерес за Митев имаше и од екипа од Шпанија, па каде ќе заврши нашиот 21-годишен ракометар наскоро ќе дознаеме.
Марко Митев е играч за иднината. Да се надеваме дека по неговите стапки ќе тргне и неговиот брат Дамјан Митев, кој исто така е член на ракометниот клуб Алкалоид и важи за голем потенцијал.