Бујиќ и Колоски го напуштија Радовиш пред почетокот на пролетниот дел

Утре продолжува ракометниот шампионат на Македонија, а еден од тимовите кои нема шанси да се квалификува во плеј-офот, екипата на Радовиш се соочува со кадровски проблеми. Имено, радовишани губат дел од клучните ракометари. 

Црногорецот Лука Бујиќ и левиот бек Стефан Колоски го напуштија клубот од источниот дел на земјата и побараа нова систематизација. Бујиќ се врати во Црна Гора, а Колоски дојде во прволигашот Јуниор Кисела Вода.

По првиот дел од сезоната во Суперлигата, Радовиш презими на седмото место со само 12 бодови. Утре од 18:00 часот во Радовиш гостува Пелистер на Јошко Петковиќ со двете нови засилувањата Гуглета и Ѓорѓески.