
Црногорскиот шампион, Будуќност со минимален триумф од 24-25 над Турингер, на коло пред крајот на главната рунда го обезбеди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите, па последниот дуел со Вардар нема да има никаква важност.
Црногорките играа одлично на овој дуел, пружија најдобра гостинска партија сезонава и заслужено победија, иако им беше доволен и бод. Домаќинките во првиот дел одржуваа рамнотежа, но не можеа да парираат во вториот дел, иако на крајот поразот беше само еден гол.
ЦСМ Букурешт, пак очекувано го победи Митјиланд со 29-24 и го остави данскиот претставник во последното коло против локалниот ривал Никобинг да се бори за место во четвртфиналето, бидејќи Крим тешко дека ќе може да стори нешто повеќе кај Ѓер.