Будимпешта и по една деценија останува дом на најдобрите во женската ЛШ

Женската ракометна Лига на шампиони нема да менува домаќин на завршниот Ф4-турнир и довербата и понатаму ја доби унгарскиот град Будимпешта.

„МВМ Доме“ ќе биде домаќин на завршницата и во следните три години. ЕХФ и Унгарската ракометна федерација ја продолжија соработката до 2027 година.

Градот е домаќин на најдобрите во елитата кај дамите од 2014 година, а пред 2022 година домаќин беше „Ласло Пап Арената“.

„МВМ Доме“ е сала отворена во 2022 година, а капацитетот е 20.000 гледачи.