• Горан Упале

Еурофарм Пелистер во пресрет на плеј-офот од Суперлигата се засили на голманската позиција и во Битола пристигна перспективниот голман Давид Брестовац.
Младиот чувар на мрежата по три години минати во Германија се врати во македонскиот шампион и своето деби за новиот клуб го имаше на натпреварот со Бутел.
„Преминот во Еурофарм Пелистер е голем чекор за мене. Клуб со голема традиција и историја. Се надевам дека до крајот на сезоната ќе го покажам мојот потенцијал и ќе дебитирам на еден од поголемите натпревари. Тука сум две недели, соиграчите ми помогнаа многу за брзо да се адаптирам. Во Германија стекнав големо искуство играјќи во младинската Бундеслига и третата Бундеслига, каде се натпреваруваат најдобрите млади играчи од Германија“ рече 20-годишниот голман.
Брестовац имаше забележително деби во дресот на македонскиот шампион и против Бутел запиша десет интервенции.