Брестовац: Пред мечевите со Исланд бевме во тешка ситуација, a сега сè e во наши раце! 

Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да ја повторно одличната партија од Рејкјавик, и на „реваншот“ против Исланд го запиша првото реми во евро-квалификации. 

  • Драматичната последна минута на натпреварот Македонија - Исланд: 

„Рибарите“ успеаја да се извлечат во драмата во Скопје (24-24), а селекторот Данило Брестовац и покрај ремито не го криеше своето задоволство, велејќи дека е среќен на трите бода од двомечот со Исланд, кои дојдоа по една тешка ситуација во која се наоѓала нашата селекција. 

„Мечот во Скопје за нас има позитивни и негативни работи. Позитивните се дека докажавме дека можеме да се вратиме во игра. Ракометарите без разлика на стари и млади покажаа ментална стабилност. Да бидам искрен тоа мене ме радува. Сè уште сме во игра за првата позиција. Среќен сум на овие три бода, бидејќи пред мечевите со Исланд бевме во тешка ситуација, а сега сè е во наши раце. Ако одиграме добри натпревари против Турција и Грција, првото место во групата е наше“, рече селекторот. 

Македонија по четири одиграни кола во квалификациската група има скор од две победи (Исланд и Турција) и еден порази од Грција и реми со Исланд.