Брестовац: Нѐ чека тежок меч, ќе дадеме максимум за да направиме изненадување

Следниот предизвик за екипата на Металург во регионалната СЕХА лига ќе биде романска Стеауа. 

Предводникот на македонската екипа Данило Брестовац најави уште еден тежок меч за него и неговите ракометари.

„Уште еден тежок меч е пред нас. Се надеваме дека ќе успееме да стигнеме до изненадување во Букурешт. Сите играчи кои ги имам на располагање ќе бидат подготвени да го дадат максимумот“ , вели Бресотвац.

Неговиот колега на спротивната страна Овидиу Михаила е свесен за заморот кај своите играчи, но верува во позитивен резултат на овој меч.

„Блиску сме до крајот на лигата, а пред имаме уште два натпревари - против Металург и Железничар. Против Металург ќе играме со мал замор, а ќе мора да внимаваме на нивните млади и полетни ракометари. Се надевам дека ќе имаме сила за победа. Мислам дека одлично се претставивме во лигата во нашата дебитантска сезона“, рече тренерот на домашната екипа.

Денес на теренот во редовите на Металург нема да се појави Александер Шпенде. Мечот во Букурешт се игра во 17:15 часот.