Брестовац: Не дававме голови кога беше најпотребно, затоа и загубивме

Македонскиот вицепрвак Металург го запиша шестиот неуспех во Лигата на шампионите и во меч во кој претежно беше во егал со Спортинг Лисабон, загуби со 24-31. По мечот, тренерот Данило Брестовац истакна дека гостинскиот голман имал перфектен ден, а истовремено потенцира дека лошата реализација во клучните моменти го направила своето.

„Честитки за Спортинг, посебно за Скок кој имаше одличен натпревар. Мислам дека не не надиграа, бидејќи во овие два дена добро се подготвивме за мечот. Лично, за мене Спортинг има една од најубавите игри во нашата група во Лигата на шампионите. Ниту Татран, ниту Чеховски не даваат такви сигнали. Проблемот кај нас беше реализацијата. Млада екипа сме, мора да бидеме агресивни во одбраната. Во моменти добро делувавме, но, сепак, пресуди таа реализација која беше на очајно ниво, посебно во второто полувреме. Ако ја бараме причината, во пет дена играме трет натпревар, но нема алиби. Од утре се враќаме на тренинзите. Четириесет и пет минути игравме меч со висок ритам и држевме контрола. Имаме уште многу за работа, имаме доволно време да се подготвиме за македонското првенство“, изјави Брестовац.

Металург наредниот меч во Лигата на шампионите го игра на 17 ноември, кога гостува во Турција кај Бешикташ.

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 СилкеборгСилкеборг 7 6 0 1 232:186 46 12
2 СпортингСпортинг 7 5 0 2 209:189 20 10
3 Татран ПрешовТатран Прешов 7 5 0 2 192:177 15 10
4 БешикташБешикташ 7 2 0 5 177:203 -26 4
5 Чеховски МедведиЧеховски Медведи 7 2 0 5 181:193 -12 4
6 МеталургМеталург 7 1 0 6 171:214 -43 2