Брестовац: Можеби резултатот не е атрактивен, но презадоволен сум! 

Ракометна Македонија обезбеди уште еден пласман на Европско првенство, но овој пат како лидер во квалификациската група, успех кој носи втор шешир на претстојната жрепка.

Во последниот натпревар со сигурни 27-23 беше совладана селекцијата на Грција, а селекторот Данило Брестовац по победата изјави дека можеби резултатот не е атрактивен, но е презадоволен од изданието на своите момци и пласманот на ЕП.

„Започнавме тешко и во грч. Во првиот дел имавме преку десет промашени зицери, но добро е што и покрај тоа имавме водство од два гола разлика. Атмосферата во салата беше одлична, а тоа ги водеше моите момци во второто полувреме да го скршат отпорот на Грција и да запишеме голема победа. Можеби резултатот не е атрактивен, но јас сум презадоволен. Во иднина ќе барам од РФМ овие момци да одиграат повеќе натпревари во репрезентатицниот дрес, им фали заедничка километража“, рече селекторот. 

Нашите ракометари со четири победи и по еден пораз и реми ја завршија квалификациската група, од која на Европското првенство патува уште и Исланд.