Брестовац: Мечот против Стеауа ќе ни послужи за искуство на младите ракометари

Кога веќе еднаш го скршија малерот, ракометарите на Металург се надеваат дека ќе отпочнат позитивна серија и во СЕХА лигата. Распоредот не им оди во прилог, бидејќи следат два натпревари во два дена, а тренерот Данило Брестовац не сака да размислува на вториот дуел, додека не мине првиот.

Утре романскиот претставник Стеауа доаѓа во Скопје и в среда попладне ќе се сретне со македонскиот вицешампион. 

„Не ни е секојдневност да подготвуваме два натпревари еден по друг. Најнапред мораме да го анализираме ќе го анализираме вчерашниот натпревар против Чеховски медведи. Натпреварот против Стеауа ќе ни послужи за искуство за младите играчи. Ако Романците дојдат во најсилен состав, тоа ќе биде добар тест за нас. Шансите се 50-50% и сигурен сум дека ќе се подготвиме добро. Очекувам да ја продолжиме позитивната серијата“, рече Брестовац.

Веднаш по овој дуел, Металург ќе го подготвува дуелот од Лигата на шампионите против Спортинг, кој наместо в недела ќе се игра в четврток.