Брестовац: Тврдам дека сме подобри од Чешка, но денес не бевме на ниво

Македонската ракометната репрезентација го претрпе првиот пораз на шампионатот на Европа во Виена. Очајното второ полувреме им дозволи на Чесите да се радуваат на триумф од 27-25.

<<< ПОВРЗАНО - ФОТО: Изгоревме од желба за одмазда против Чесите, Австрија е последната шанса за втора фаза

На официјалната прес-конфренција селекторот Брестовац рече: 

„Мислам дека натпреварот го загубивме на почетокот од второто полувреме кога противникот со серија 6-1 комплетно го сврте текот на настаните. Тврдам дека сме подобри од Чешка, но попладнево на бевме на своето посакувано ниво. Вакви израмнети натпревари ги решаваат детали, а овојпат тие беа во корист на противникот. Се вративме по лошиот старт на вториот дел, дадовме максимум, но за жал не успеавме да стигнеме до посакуваната победа.

Нема да се предадеме, математиките на хартија се една работа, а случувањата на терен нешто сосема друго“.

Утре е слободен ден во групата Б во Виена, но нашите ракометари ќе тренираат како подготовка за натпреварот против Австрија. Медицинскиот тим ќе ја контстатира здравствена ситуација на репрезентативците и заморот кај оние кои одиграа најголем број минути досега на шампионатот. 

<<< ПОВРЗАНО - Стоилов: Мора да даваме голови кога ни се дава шанса