• Мартин Танасковски

Екипата на Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија со победа над Вардар 1961, а запазен настап имаше младиот голман Давид Брестовац кој го сопре ривалот кога беше најпотребно.
Вардар во обидот да се врати изгради зицер-позиција, но Брестовац „јуниор“ го прочита шутот на Полјакот Јанковски. Приврзаниците во зелено во салата го поздравија со аплауз младиот голман кој достојно во моментите го замени Никола Митревски.
Потоа, младиот голман фати уште еден напад на вардарци, кога го одби шутот на Филип Талески, исто така доста важна одбрана.
Давид Брестовац големото дерби го заврши со вкупно шест одбрани.


