ФОТО: Брестовац „јуниор“ со десет одбрани се претстави во Битола!

Еурофарм Пелистер дома го победи Бутел Скопје (34-25) во претпоследното коло од регуларниот дел на Суперлигата, а шанса да застане меѓу стативите во битолскиот ракометен храм доби новиот голман Давид Брестовац.

Младинскиот репрезентативец на Македонија дојде во Битола да го формира голманското трио заедно со Никола Митревски и Хрватот Филип Ивиќ. Откако Ивиќ доби одмор на овој меч, шанса да брани доби Брестовац и комплетно ја оправда.

Младиот чувар на мрежата кој има 20 години забележа вкупно десет одбрани против Бутел Скопје. Инаку, Давид е син на поранешниот македонски голман и сегашен тренер, Данило Брестовац.