Брестовац: Има убава перспектива во овој Металург

Металург извојува убедлива победа над Војводина за крај во СЕХА-лигата (39-20), а по натпреварот, Данило Брестовац им честита на играчите за прикажаното на терен и истакна дека овој тим има перспектива за во иднина да има подобри резултати.

„Не би сакал да влегувам во некоја подлабока анализа на натпреварот, затоа што Војводина дојде со млад тим. Не сакав да се заврши вака, да мине се како еден полесен тренинг. Сите ракометари одиграа на ниво, ме радува играта, исто и враќањето на Шпенде, со него имаме нов лик. Можевме да видиме нешто повеќе од помладите ракометари на овој дуел. Нивно е да работат уште подобро, а резултатите нема да изостанат. Имаме убава перспектива во овој тим“, изјави Брестовац.

Македонскиот тим сезоната ја заврши на претпоследното место во регионалното натпреварување. Сега, Металург го чека борба за одбрана на второто место во мак-ракометот, кое носи учество во СЕХА и в година.