Брестовац ги водеше кадетите до победа над Литванија на стартот на ЕП во Тбилиси

Кадетите на Македонија имаа успешен старт на Европското првенство (дивизија Б) и ги победија врсниците од Литванија со 32-30 (19-13).

Избраниците предводени од Данило Брестовац доминираа во првиот дел и се чини ја имаа контролата над мечот, но се опуштија во продолжението и му дозволија на противникот да се врати во игра.

Оние +6 на полувреме, Литванците ги анулираа по 15 минути игра во вториот дел и намалија на 26-25. Од тој момент, македонските ракометари направија серија од 3-0 и повторно се одлепија на солидни 29-25 на пет минути до крајот. Предноста до крајот не беше доведена во прашање и нашиот национален тим прослави победнички старт на ЕП.

Ненад Костески со 11 и Мартин Серафимов со 9 голови беа најдобри стрелци во нашиот тим, а во листата на стрелци за Македонија се запишаа и Џигероски со 4, Симоноски, Кондев и Божиновски со 2, односно Ѓорѓиев со 1 гол. Кај Литванија, најпрецизен беше Валентукевичиус со 8 голови.

Македонија во следното коло, кое се игра утре, ќе игра против Луксембург кој во првиот меч ја совлада репрезентацијата на Фарски Острови.

U18 Европско Првенство Б2, Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МакедонијаМакедонија 5 5 0 0 151:137 14 10
2 ШвајцаријаШвајцарија 5 4 0 1 158:123 35 8
3 ЛуксембургЛуксембург 5 3 0 2 147:136 11 6
4 Фарски ОстровиФарски Острови 5 2 0 3 146:135 11 4
5 ЕстонијаЕстонија 5 1 0 4 112:142 -30 2
6 ЛитванијаЛитванија 5 0 0 5 121:162 -41 0

Најнови вести од
U18 Европско Првенство Б2