Брестовац: Ги сакам сите играчи спремни, ривалите ни се коректни

Данило Брестовац, селекторот на македонската ракометна репрезентација, даде коментар на квалификациската група за пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2022 година.

Нашиот национален тим за ривали ги доби Данска, Швајцарија и Финска, а предводникот на сениорите истакна дека групата е коректна и посакува сите репрезентативци да бидат подготвени за квалификациските дуели, со доволна минутажа во клубовите.

„Имаме коректна група. Нормално, можеше да биде и подобро и полошо. Влегуваме во нов олимписки циклус и сигурно ќе има многу промени во сите репрезентации. Данска е изразит фаворит во групата, а со Швајцарија и со Финска можеме до позитивен резултат на сите натпревари. Ни преостанува период за подготовка и анализа на противниците и се надевам дека сите репрезентативци ќе имаат запазени улоги во своите екипи, со што ќе бидат максимално подготвени за квалификациските дуели“, изјави Брестовац.

>>> Македонија против Данска, Швајцарија и Финска ќе се бори за ЕП 2022!

>>> Македонија ќе ги започне и ќе ги заврши квалификациите на домашен терен

Македонија ќе ги стартува квалификациите за Европското првенство во 2022 година во месец ноември.