Брестовац: Дали со мене или без мене, има многу работа пред сите нас

Македонија загуби во третото коло од групата Б на Европското првенство од домаќинот Австрија и со тоа ги заврши настапите на овогодишниот турнир.

<<< ПОВРЗАНО - Лазаров: Богатство е да се има вакви навивачи, заслужуваме критика и остануваме должни!

<<< ПОВРЗАНО - Штета – заврши сонот на ракометната легенда Лазаров за ЛОИ

Селекторот Данило Брестовац по мечот вината ја префрли кај лошиот напад, а според него ќе треба да помине време за да се состави нова победничка репрезентација.

„Промашувавме зицери, не можам да поверувам дека ни се случува тоа повторно. Долг е патот ако сакаме репрезентација која ќе носи нови успеси. Дали тоа ќе биде без мене или со мене, има многу работа пред сите нас. 

Вината за денешниот пораз ја гледам во нападот. Не искористивме многу шанси со играч повеќе. Австрија беше подобра и заслужено се пласира во следната фаза. Ние имавме обиди да се вратиме во игра, но тие ни побегнаа и на крај пресуди очигледната нервоза во нашите редови.

Што е тука е, останува да ги бодриме овие млади играчи и да им дадеме самодоверба за во иднина. Мислам дека еден ден тие ќе бидат дел од голем турнир и ќе ја израдуваат нацијата“, рече македонскиот селектор.

<<< ПОВРЗАНО - Стоилов: Недозволиви се такви грешки, вината за поразот е кај нас

Селекторот потоа се осрна на деталите од денешниот натпревар:

„Не смееме да промашуваме чисти ситуации, се провлече нервоза без потреба, пробавме да се вратиме, но беше неуспешно. Оваа хемија тешко ќе се создава во иднина. Сепак мораме да бидеме на чисто кој сака да игра, кој не сака да игра, тешко се спојуваат играчите оние поискусните со помладите“, заклучи Брестовац.

Македонските ракометари не ја искористија навидум лесната група и го запишаа најлошиот пласман во историјата на своите настапи на Европските првенства.

<<< ПОВРЗАНО - Борко: Далеку сме од онаа храбра репрезентација што бевме!

<<< ПОВРЗАНО - „Групата за мерак“ за Македонија донесе најлош пласман во историјата на ЕП!​

<<< ПОВРЗАНО - Македонските „лавови“ во решавачкиот момент станаа „мачиња“