Брест и Кристиансанд ќе бркаат историска прва титула во Будимпешта

Брест

По три титули во низа на Ѓер, женскиот европски ракомет ќе добие нов владетел. Во големото финале на завршниот турнир во Будимпешта ќе се надигруваат Виперс Кристиансанд и Брест Бретањ.

За двете екипи ова е најважен натпревар во историјата, со оглед на тоа што ниту една од нив никогаш не бил толку блиску до европската круна. Кој и да победи, првпат ќе стане шампион на Европа и ќе испиша историски страници за својот клуб.

Францускиот претставник во полуфиналето се надмина и по пеналите го елиминира Ѓер. Бранителот на тронот од пред две години имаше можност да слави нова победа, но во завршницата прими погодок, па кога немаше победник и по продолженијата, пеналите го дадоа победникот. Тоа воедно беше прва победа за Брест во меѓусебните дуели со унгарскиот гигант, која пристигна во најдобар можен момент.

Кристиансанд на полесен начин обезбеди финална пресметка за трофејот. Во првиот натпревар во Будимпешта ја надигра ЦСКА Москва на Сара Ристовска. Уште во првиот дел си обезбеди висока залиха, па во продолжението имаше можност да чува сили за најважниот дуел оваа сезона. 

Фаворитската улога за нијанса е на страна на францускиот тим. Меѓусебните дуели велат дека никој нема предност, со оглед на поделбата на победите во двете единствени соочувања досега.

Во „малото финале“, Ѓер ќе игра за утешна награда против ЦСКА Москва.